Новости

Занимливости

Соба за плачење – Најновиот изум во Шпанија

Во последните години се појавија многу нови видови интерактивни изложби и инсталации. Сепак, оваа нова идеја во Шпанија не само што има за цел уметничка вредност, туку сака и да привлече внимание на менталното здравје и важноста да се зборува за тоа.

Во Мадрид е отворен простор наречен „La Lloreria“, што значи „соба за плачење“. Тоа е дел од изреката карактеристична за оваа област, која може да се преведе како „Ако сакаш да плачеш, оди во соба за плачење“. Првично имаше целосно негативен контекст, а желбата на креаторите на истата, е сега таа да добие позитивен пресврт и да го одбележи фактот дека секој има потреба од време на време да плаче и дека нема срам во тоа.

„La Lloreria“ е светол простор со светли бои, замислен како место каде што можете да дојдете доколку сакате да зборувате за менталното здравје и кршењето на табуата. Таму се напишани броеви на кои можете да се јавите за да разговарате со психолози и други експерти, а можете да побарате и помош на лице место. Декорациите се симболични на када за плачење, „кауч“ сличен на оние од филмските канцеларии на психолозите и кафез на кој пишува „И јас имам анксиозност“.

Просторијата е отворена за секого, бидејќи на влезот стои натписот „влези и плачи“ и треба да им помогне на сите да ги визуелизираат проблемите и да ги разбијат предрасудите кои се сеприсутни не само во Шпанија, туку и насекаде низ светот. Инаку во Шпанија, самоубиството беше втора најчеста причина за смрт во 2019 година, а податоците покажуваат дека многу луѓе страдаат од анксиозност и други слични проблеми.

Евротип
SNBROKER
To Top