Новости

Занимливости

Соборен е Гинисов рекорд за најголем коктел

Хотел во главниот град на Тајланд во понеделникот постави Гинисов рекорд за најголемиот коктел „Негрони“ во светот.

Во коктелот имало повеќе од 630 литри од овој италијански пијалок.

Бармените во хотелот „Кимптон Маа-Лаи“ во Бангкок измешале десетици шишиња клучни состојки – џин, вермут и кампари – во замрзнат акрилен контејнер висок 1,7 метри.

Претходниот рекорд беше 504 литри, рече судијата на Гинис, Казијоши Киримура, додавајќи дека хотелот морал да ја флашира и дистрибуира целата смеса за неколку месеци.

Евротип
SNBROKER
To Top