Новости

Занимливости

Сонцето ќе се претвори во огнен прстен при денешното затемнување

Големи делови од северната хемисфера денеска ќе сведочат на затемнување на Сонцето, кое притоа ќе биде прстенесто. Тоа значи дека Месечината ќе помине меѓу Земјата и Сонцето, но нема целосно да ја блокира неговата светлина, со што на небото ќе се формира огнен прстен.

Најголемиот спектакл ќе биде над Арктик, каде што не живеат многу луѓе, но добар дел од светот сепак ќе може да набљудува делумно затемнување, кога Месечината ќе покрие голем дел од Сонцето. Според НАСА, тоа ги вклучува источниот дел на САД, Алјаска, Гренланд, северна Русија и големи делови од Канада.

Од големите градови, најдобар поглед ќе има од Торонто, каде што Сонцето ќе биде покриено 80%, а во Европа, од Рејкјавик (61%). Над Велика Британија и Норвешка едвај ќе надмине 30%.

Најголемото затемнување од 90% ќе се случи над теснецот што ги дели канадскиот архипелаг и Гренланд.

Ова ќе биде првото од двете затемнувања на Сонцето оваа година.

GOLD
To Top