Новости

Занимливости

Со години живеел во стан скриен сред трговскиот центар

,,Откако бил избркан од неговиот стар стан, слушнал оглас за трговски центар и размислувал како би било да живееш таму! ” – 
Човек со години живеел во стан скриен сред трговскиот центар Round Island, додека чуварите не го откриле.

Мајкл Таунсен се преселил во трговски центар, откако бил исфрлен од својот стар стан и немал каде да оди.

Додека размислувал што да прави, се сетил дека еднаш видел празна соба во зградата нш трговскиот, поради што решил да се всели таму, пишува Дејли Стар.

Но, работите набрзо излегле од контрола, па станот набрзо бил опремен со софа, а си купил и плејстејшн и како и ,,секој домаќин”, ги поканувал пријателите на гости.

Мајкл бил уметник и веројатно имал неконвенционален стил на живот, но ова можеби е далеку од уметност! Прв пат го забележал неискористениот простор под трговскиот центар Провиденс во Род Ајленд додека џогирал во 1999 година.

Мислејќи дека можеби има скриен простор внатре, погледна поблиску и забележал соба.

Тогаш слушнал реклама за трговскиот центар за време на божиќната сезона во 2003 и 2004 година каде женски глас кажал колку би било прекрасно ако можеме да живееме во трговски центар.

Мајкл повторно ја посетил собата што ја видел во 1999 година и ја нашол сè уште неискористена, па решил да провери дали е можно навистина да живее таму.

Според NBC News, Мајкл и неговите пријатели изградиле блок ѕид и задна врата за да го сокријат станот.

Тој живеел таму релативно мирно четири години пред да биде откриен. Пред да биде фатен, Мајкл планирал да постави дрвени подови, втора бања и кујна.

Меѓутоа, чуварите го откриле неговото тајно скривалиште.

Таунсен на крајот бил обвинет за прекршување на закон, иако тој инсистирал на тоа дека целиот потфат бил направен од сочувство за подобро разбирање на трговскиот центар и животите на купувачите.

Судијата му дал условна казна, но доживотно му е забранет влез во трговскиот центар.

Евротип
SNBROKER
To Top