Новости

Занимливости

СПА центар во Египет нуди масажи со змии

Офидиофобијата е страв од змии и е една од најчестите фобии во светот, која ја погодува скоро секоја трета личност. Сепак, тоа не е пречка за еден салон во Египет да вклучи масажа на змии во својата понуда, пренесува РТС.

Сопственикот на спа центарот во Наср, Египет, неодамна претстави масажа со змија меѓу услугите што ги нуди салонот за убавина во комплексот.
Физиотерапевтот Сафват Судки користи не-отровни змии од различна големина за овој релаксирачки третман.

Судки тврди дека змиите вршат притисок врз телото, што ја враќа „силата и виталноста“.

„Масажата со змија има неколку придобивки, вклучително и стимулирање на нервите кои активираат ендорфин, но исто така и допамин, познат и како хормони на среќата“, вели физиотерапевтот.

Тој додава дека резултатите од оваа масажа се подобрен проток на крв во телото, отстранување на напнатоста и вознемиреноста и враќање на самодовербата.

Евротип
SNBROKER
To Top