Новости

Занимливости

Специјални дози за антиваксери! – Угостител од Риека ги крстил пијалоците по името на вакцините!

Судејќи според реакциите на социјалните мрежи, иновацијата на хрватските угостители сигурно ќе биде голем хит ова лето.

Фотографија од интересна понуда од кафуле во Риека беше објавена на Фејсбук страницата Daily Dose of the Average Dalmatian. Во согласност со актуелните теми, на гостите им се нудат коктели наречени Фајзер, Спутник, Џонсон, Модерна…

Виралната фотографија ги насмеа многу корисници на социјалните мрежи, толку многу се пошегуваа дека „не го сакаат Џонсон затоа што во тој случај добиваат „само една доза“ или дека во овој случај „ќе се вакцинираат уште еднаш – без никакви проблеми“!

Извор: telegraf

Евротип
Евротип
To Top