Новости

Занимливости

Според хороскопскиот знак кој негативец од цртаните на Дизни би биле вие?

Сигурно се сеќавате на познатите незаборавни реплики од цртаните филмови на Дизни како: „Отсечете му ја главата!“, или „Огледалце, огледалце, кој е најубав на свет?“. Негативците од долгометражните цртаните филмови имаат добро изградени карактери кои очигледно можеме да ги сретнеме и во реалноста. А дали вие сте негатвец во нашата реална приказна, вие си знаете најдобро. Сепак, видете ги карактеристиките на злобните ликови и откријте каков хороскопски знак би можеле да бидат тие, а според тоа проверете и вие кој негативец би ви одговарал вам на вашиот темперамент, карактер и личност.

Овен – Кралицата на срцата од „Алиса во земјата на чудата“

Кралицата на срцата има целосе „овновски“ карактер. Таа е импулсивна, борбена, постојано има пребарувачки и е многу нервозна. Нејзините изливи на гнев се карактеристични за првиот знак на зодијакот.

Бик – злобната кралица од „Снежана и седумте џуџиња“

Бидејќи владетел на бикот е Венера, која претставува убавина, кралицата, поради својата суета и потребата да доминира, дефинитивно би бил овој најтврдоглав хороскопски знак.

Близнаци – Хад од цртаниот филм Херкул

За фактот дека овој лик е најблизок до Близнаците, сведочи неговата смисла за хумор, брзање и талентот за интриги. Неговата тактика е да создаде шармантен хаос.

Рак – Злобна маќеа од „Пепелашка“

Тврдиот оклоп што ги штити припадниците на овој знак од емоции, е препознатлив и за злобната маќеа која ќе ги заштити своите најблиски, но лесно ќе ги погази другите луѓе.

Лав – Крал Кенди од цртаниот филм „Брејкер Ралф“

Исто како лавот, Кенди бара внимание, восхит и љубов. Неговата енергија е експлицитна, неговото его е силно, а неговата желба да биде центар на настаните станува апсолутен приоритет.

Девица – Урсула од цртаниот филм Малата сирена

Амбициозната Урсула е целосно олицетворение на хороскопски знак на Девица. Тоа е затоа што таа е крајно прецизна, насочена, одлучна и бесконечно фокусирана на својата цел.

Вага – Гастон од „Убавицата и ѕeверот“

Суетата е истакната карактеристика на Вагата, а Гастон сигурно ја има. Желбата за конкуренција и слава се нејзините главни двигатели, што ги прави овие знаци можеби крајно вообразни.

Шкорпија – Maleficent од „Заспаната убавица“

Негативниот карактер на Maleficent, може да се препознае во најтемниот знак на зодијакот. Постојаниот бес што демне во неа уништува сè што е на нејзиниот пат.

Стрелец – Уги Буги од „Кошмар пред Божиќ“

Веселиот и палав Стрелец неверојатно потсетува на Уги Буги. Палавата природа го тера да игра со животот на другите луѓе на опуштен начин, само заради сопствена забава.

Јарец – гувернер Ретклиф од цртаниот филм Покахонтас

Материјалистичкиот Јарец совршено се рефлектира кај гувернерот Ретклиф. Љбовта кон парите раѓа алчност и желба тие да имаат моќ над сите.

Водолија – Изма од цртаниот филм „Новиот костум на царот“

Провокативната Водолија зазема бунтовно место во хороскопот. Соодветно на тоа, ексцентричниот негативец во овој цртан,  не се грижи за властите, туку крева револуција за да дојде до победата.

Риби – Судијата Фроло од цртаниот филм „Ѕвонарот на Богородичната црква“

Улогата на жртвата и самосожалување добро им одговараат на Рибите. Така судијата Фроло ја губи емпатијата и станува себична личност која нема проблем да ги експлоатира и понижува другите.

 

Сепак, ова не мора да значи дека вие би биле негативците во цртаните филмови или можеби во реалниот живот…Но, што ако сте?

GOLD
To Top