Новости

Занимливости

Сте знаеле ли дека во океаните има доволно злато за секој човек на земјата? – Откријте кои се останатите мистерии што се кријат во нив

Тихиот океан има дури 5 пати поголем дијаметар од дијаметарот на Месечината. Неговата најширока точка, пресметана од Колумбија до Индонезија изнесува 19.795km., а тоа го докажува овој факт.-Во океаните има неоткриено злато, кое доколку се пронајде, пресметано е дека ако истото се подели подеднакво на секој човек, тоа би значело дека сите треба да добиеме по 9kg. Но, за жал, сето тоа е невозможно.

-Ако нуркаме во Тихиот океан со подморница, на пример, недалеку од Чиле, па ако го достигнеме неговото дно и направевме премин кон другата страна на Земјата – сè уште би биле во Тихиот океан, поточно би биле во близина на Виетнам. Тој е поголем од вкупната копнена површина од целиот свет.


-Научниците не се занимаваат само со испитување на фауната и флората во океаните, туку тие ги истражуваат и чудните звуци кои доаѓаат од големите длабочини. Во контекст на ова, најпознат е најгласниот слушнат звук кој е наречен „Bloom“, но никој не знае што е и од каде е.

-Најголемата длабочина во Тихиот океан, ја достигна еден американски екипаж во 1960 година и констатира длабочина од 10915m. што е изненадувачки 2100m. повисоко од Монт Еверест.


-Повеќе информации се откриени за Месечината, отколку за Океаните. Тие се сеуште мистерија за луѓето.
Замислете, дури 12 луѓе зачекориле на Месечината, а сега таму дури и ќе се градат хотели, а во Маријанскиот канал, кое е најдлабокото место во Земјата биле само тројца.
-Во дното на океаните лежи поголемиот дел од светската историја. Најмногу артефакти од светот, крие океанското дно

GOLD
To Top