Новости

Занимливости

Сте знаеле ли дека ниските луѓе живеат подолго?

Во едно истражување, научниците го анализирале „животниот век“ на 500 мажи родени помеѓу 1866 и 1915 година на италијанскиот остров Сардинија.

Селото Вилагранде Стрисаили е познато по тоа што има најголем број стогодишници во Европа, а просечната висина на мажите во тоа село е 160 см.

Се покажа дека мажите пониски од 162 сантиметри живеат во просек две години подолго од оние со повеќе сантиметри.

Иако медитеранската исхрана и начинот на живот придонесуваат за нивната долговечност, постојат истражувања кои покажуваат дека високите луѓе имаат пократки теломери, ДНК материјалот што ги прави генерално да живеат пократко.

Интересен е прашањето кое се поставува баш во актуелната ситуација или во ерата на пандемијата, а тоа е „Зошто високите луѓе имаат пократок животен век од оние кои се пониски?“

Имено, предвремената смрт меѓу оние лица над два метра не е невообичаено. Robert Wadlow, највисокиот човек на светот – беше висок 272 см, а почина на 22-годишна возраст.

Од 10-те највисоки жители на нашата планета досега забележани, најстариот починал кога имал 56 години. Според Гинисовата книга на рекорди, денес највисок човек е Турчинот Султан Косен, висок 251 см.

Од друга страна, повисоките жени почесто страдаат од рак во подоцнежниот живот, особено по менопаузата.

GOLD
To Top