Новости

Занимливости

Сте знаеле ли дека постојат отровни кармини и мажите умираат веднаш после бакнежот

Историјата на шминката започнува многу одамна. Иако најпрво се шминкале мажите во древен Египет, исцртувајќи ги очите со црн молив кој бил направен од бадеми, олово и бакар. Но, сепак се чини дека во женскиот код е запечатена желбата за тие да изгледаат убави пред мажите, но очигледно и пред нивното огледало.

Многу одамна жените користеле различни рецепти за да ги нацртаат своите очи, да го негуваат своето лице, измислувале кармини.

Некаде во 4000 г.п.е. жените користеле темнозелена боја на долниот очен капак. Црната сенка за очи им била направена од гар, или прав од јаглен.

Нешто подоцна персијките користеле к’на за коса што ја нанесувале на лицето и косата, а веќе во нашата ера, користеле креда за избелување на кожата, затоа што ако сега е најмодерен исунчаниот темен тен, тогаш било обратно. Преголемата жеба да изгледаат бели, дури и бледи, дури и ги натерале да пуштаат крв од кожата, па така шпанските проститутки почнуваат да носат розева шминка на очите создадена од нивната крв само за да бидат во тренд. Денес ли се „трпи за убавина“? Не верувам. Колку ли жените имале очајни обиди да бидат убави?

Но, најинтересен е фактот, што подоцна девојките ги измислуваат пудрата за лице и карминот кои се создадени од арсен, а тоа предизвикувало смрт на многу од нивните мажи, па според ова, внимавајте со кој се бакнувате. Можеби жените се вљубуваат во мажите, но повеќе се вљубуваат во себе си. Ништо намерно.

GOLD
To Top