Новости

Занимливости

Стотици луѓе маскирани во Елвис продефилираа низ мал град во Австралија

Во малото гратче Паркс во австралиската држава Нов Јужен Велс, веќе 30 години се одржува фестивалот Елвис Присли. .

Стотици имитатори на познатата американска рок ѕвезда, парадираа по главната улица на Паркс за време на фестивалот, кој се смета за еден од најголемите во Австралија, пренесува Ројтерс.

„Ова е фантастично. Со стил стигнавме до 30 години од фестивалот и едноставно сме задоволни“, рече Боб Стил, кој го основа овој настан со неговата сопруга по вечерната забава која заврши со пеење на песните на Елвис до крајот на ноќта.

Фестивалот се одржува секоја година на почетокот на јануари кога 24.000 фанови доаѓаат во овој мал град каде живеат околу 14.000 луѓе.

Основачот Боб Стил се сеќава дека некои жители на Паркс првично биле скептични за фестивалот.

„Се сеќавам дека читав писма од различни луѓе кои пишуваа до локалните весници и прашуваа зошто ќе го славиме Американец. Тие денес можат да видат дека тоа е лошо прашање затоа што сите се многу среќни за време на фестивалските денови“, изјави Стил на новинарот на Ројтерс.

Евротип
SNBROKER
To Top