Новости

Занимливости

Страшна експлозија во фризерски салон: Фен експлодирал над главата на клиентот

Веројатно никогаш не сте помислиле дека една обична посета на фризер може да ви го загрози животот. Едно момче кое сакало само нова фризура,го почувствува тоа на своја кожа. Не ни мислело дека тоа ќе биде ужасен ден, а како можеш да си го помислиш тоа ужасно сценарио кога одиш на ,,разубавување”.

На видео кое кружи на социјалните мрежи може да се забележи грозоморен настан во фризерски салон.

Муштеријата седел на стол додека фризерот ги земал четката и фенот, но во моментот кога го вклучил фенот, истиот експлодирал.

Експлозијата била исклучително силна и се чинело како да експлодирала бомба, додека се слушале врисоци и на фризерот и на муштеријата.

Јасно е дека сите излегле со тешки повреди и изгореници, но нема информации што друго се случило.

На социјалноте мрежи некои и се потсмеваат на ваквиот,, инцидент”,но вистината е дека ова е далеку од смешно.

Евротип
SNBROKER
To Top