Новости

Занимливости

Тајните соби на кралицата Елизабета во Бакингемската палата

Тајните на собата на кралицата Елизабета во Бакингемската палата: од поштата низ киното и базенот до мистериозниот премин.

Кралицата Елизабета Втора дојде на тронот на Велика Британија во 1952 година, кога почина нејзиниот татко, тогашниот крал Џорџ Шести. Од тој ден, нејзината официјална резиденција е Бакингемската палата. Овој замок отсекогаш го привлекувал вниманието на туристите, кои со задоволство се фотографирале пред него, а сега е откриено што има внатре во собите на палатата.

Иако повремено може да се ѕирне во раскошниот ентериер на домот на кралицата Елизабета, многумина сè уште не знаат што кријат ѕидовите на оваа импресивна зграда со 775 соби.

Кино

На прво место е домашното кино, кое може да го користат членовите на персоналот, а не само кралското семејство. Во тоа се уверила и новинарката Емили Маитлис, која ја посетила палатата за да направи интервју со принцот Ендру. Таа беше поканета да им се придружи на членовите на персоналот, кои отидоа да го гледаат филмот „Џуди“.

 

Пошта

Потоа, сите осумстотини вработени во палатата можат да ја користат Судската пошта. Кралицата поседува и приватна капела, изградена од кралицата Викторија и принцот Алберт во 1845 година. Но, таа е уништена девет и пол децении подоцна, во бомбашки напад, а новоизградениот се наоѓа во југоисточниот дел на палататa.

Операциона сала или приватна болница

…И додека ние треба да чекаме ред за да влњзиме кај доктор, кралицата има сопствена ,,болница”.

„The Royal Mews Surgery“ се наоѓа во ѕидовите на палатата, а го води лекарот на кралицата д-р Тимоти Еванс. Достапно е за сите вработени, додека членовите на семејството претпочитаат да се третираат приватно.

Базен

Очекувано, во палатата има затворен базен, кој е достапен за сите.

Тајна врата

Се разбира, оваа зграда не би била она што е, доколку нема тајни. Така, на пример, кога се организираат посети на Белиот салон во текот на летото, малкумина ја забележуваат камуфлираната тајна врата што води директно во тајните одаи на кралицата.

Банкомат

Неверојатно, но вистинито – во Бакингемската палата има и банкомат. Во 2001 година, сега веќе поранешниот шеф на Coutts Bank, Гордон Пел, откри за The Standard дека има банкомат во Бакингемската палата. Се наоѓа во подрумот и е резервиран исклучиво за членовите на кралското семејство.

Она што е сигурно е дека во оваа величествена зграда има уште многу соби за кои јавноста никогаш не слушнала, а веројатно никогаш нема да чуе.

Евротип
Евротип
To Top