Технолошка иновација – се подготвува првото ,,летечко такси” во Милано за во 2026 година

Милано заедно со Кортина ќе биде домаќин на Зимските олимписки игри во 2026 година, а летечките такси возила веќе треба да бидат подготвени за таа прилика.
Општина Милано потпиша договор со агенцијата која стопанисува со аеродромите Линате и Малпенса, но и со „Скајспортс“, компанија која дизајнира ваков вид транспорт и хелиодроми.
Ќе полета исто како хеликоптер, вертикално, ќе биде на струја и ќе превезува од две до четири лица.
Ќе има и батерии благодарение на кои нема да има загадување на воздухот, што ќе придонесе за зачувување на животната средина, а исто така треба да помогнат да се намали гужвата која е исклучително голема во Милано.
Погледнете го видеото, а за повеќе инфпрмации прочитајте тука.
