Новости

Занимливости

Тие „изнајмуваат“ љубовни партнери и алкохолот често им е на прво место – Интересни факти за Кинезите

Според навиките на Кинезите, овие луѓе се дефинитивно поразлични од другите во светот. Истражувајќи, пронајдовме неколку интересни факти за Кинезите кои го докажуваат тоа.

*Кинезите пијат диетална вода. Тие се грижат за својот изглед веројатно многу повеќе од останатите во светот, но диетална вода? Сериозно?

*Оставањето бакшиш во Кина се смета за голема навреда.

*Младите во овие простори, особено момчињата премногу обрнуваат внимание на нивниот изглед, па користат спа центри, редовно одат на фризер, ги фарбаат косите и користат уште многу нешта за разубавување исто како и жените.

*Во Кина е нормално да си изнајмиш момче или девојка што ќе глуми твој љубовен партнер пред родителите, само за да те остават на раат.

*Кина е патриархална држава и жените се понижуваат, а момчињата секогаш се дар од Бога. Таму сеуште постојат татковци со строги предрасуди, па тие не сакаат нивните ќерки да се образоваат или да изградат кариери.

*Познато е дека во Кина алкохолот им е на прво место и често нивните деловни состаноци ги одржуваат во кафеани. Што ли излегува од тие деловни состаноци? Веројатно им успева и се покреативни после неколку чашки.

GOLD
To Top