Новости

Занимливости

Толпа луѓе во базен во Кина – Властите повторно бараат ограничување и воведување мерки против корона вирусот

Многу луѓе сакаат да се разладуваат во базени за време на жешкото лето, но во Кина тоа изгледа малку поинаку.

Овој базен е толку полн што луѓето не можат да се движат.

,,Еднаш бев и доста е! “ – вели еден од посетителите.

Толпи луѓе се насобраа во водениот парк во Дакинг, а на видео снимките се гледа дека нема пливање, туку сите чекаат да бидат кренати од вештачките бранови.

Меѓутоа, таму е толку гужва што не можат ни сами да се движат.

Според вработените, секоја година ги посетуваат голем број луѓе. На туристите им се препорачува да не доаѓаат за време на викендите и празниците за да избегнат големи гужви, а локалните власти побараа од управата на водните паркови да го ограничи бројот на посетители и повторно да воведе мерки против корона вирусот.

Евротип
SNBROKER
To Top