Новости

Занимливости

Трансродова девојка е конечно среќна – ,,Бев жива, но не живеев!”

Тејлор (22) од Колорадо, не се чувствувал добро во своето тело откако знаел за себе, па решил да направи драстична промена, пишува Bored Panda .

Таа, т.е. тој, всушност, реши да го смени полот и да стане жена. Иако прима хормонска терапија повеќе од една година, сè уште е во транзиција. И покрај ова, резултатите од нејзината трансформација се фасцинантни.
,,За прв пат во мојот живот, всушност можев да живеам. Чувството беше како да гледам бои за прв пат! Почнав да го забележувам светот околу мене во неговиот полн сјај. Како што се менуваше моето тело, така и јас секој ден забележував нешто ново околу мене и врз себе. Моите мускули, кои толку многу ги мразев одеднаш почнаа да се намалуваат, градите почнаа да растат, кожата стана помека и почувствителна.” – вели Тејлор и додава:

,,Сега се чувствувам ,,вистинска”. Се чувствувам среќно, токму онака како што треба да бидам, задоволна и благодарна што конечно можам да живеам како вистинска личност “
Во продолжение погледнете ги фотографиите од оваа зачудувачка трансформација.

GOLD
To Top