Новости

Занимливости

Фасцинантни факти за принцот Филип – Сте знаеле ли дека племе од остров во Тихиот океан го сметале за божество?

Принцот Филип бил трето „колено“ роднина со кралицата Елизабета, неговата сопруга

Принцот Филип почина на 9 април годинава, само неколку месеци пред неговиот 100-ти роденден. Дури и пред да се ожени со британската кралица Елизабета Втора, војводата од Единбург, бил во роднинска врска со кралските семејства на Стариот континент. Имено, неговата мајка, принцезата Алиса од Бетенберг, беше правнука на познатата британска кралица Викторија, а татко му беше принцот Ендру од Грција и Данска. Понатаму бил во сродство со наследниците на пруските кралеви и наследниците на семејството Романови. Поглднете подолу ако сакате да дознаете повеќе фасцинантни факти од животот на принцот Филип.

Трагично детство, семејни проблеми и сепак сина крв

По грчко-турската војна (1919-1922) и абдикацијата на грчкиот крал Константин Први, инаку вујко на Филип, тој бил принуден да ја напушти Грција заедно со семејството. Тие биле евакуирани од оваа земја од британскиот крстосувач Калипсо, каде заминале во Франција. Принцот Филип живеел во Париз до својата седма година. Подоцна на неговата мајка и била дијагностицирана „шизофренија“, по што таа била примена во психијатарска болница. Татко му пак, се преселил и едвај одржувал контакти со семејството. Трагедиите продолжиле и биле небројни во тој период од животот на принцот. Неоговата сестра заедно со нејзиното семејство го изгубила животот во авионска несреќа, а само една година подоцна и неговиот старател и вујко Лорд Милфорд починал од рак. Сепак, тој го продолжил студирањето и се истакнал како најдобар студент.

Принцот Филип ја запозна кралицата Елизабета Втора кога таа имала 13 години

Во 1939 година, принцот Филип се приклучил на британската кралска морнарица. Истата година, кралското семејство го посетило Дартмут, каде што тој бил стациониран. Тогашната кралица Елизабета, сопруга на кралот Џорџ Шести, го замолила за време на оваа посета да им прави друштво на нејзините ќерки, принцезите Елизабета и Маргарет. Од тој момент, принцот Филип и принцезата Елизабета започнале да разменуваат писма, а осум години подоцна се венчале.

Имал пилотска дозвола

Принцот Филип поминал време и на отворено море и на небо. Имено, во 1953 година ја завршил обуката за пилоти на авионите на Кралското воено воздухопловство. Добил дозвола за летање со хеликоптери во 1956 година, а од 1959 година можел да лета со приватни авиони. После неговиот последен лет во 1997 година (кога имал 76 години), принцот Филип зад себе оставил 6.000 часа како пилот на дури 59 различни авиони.

Племе од остров во Тихиот океан го смета за божество

Луѓето од селото Јоанен, кое се наоѓа на островот Тана во пацифичката држава Вануату, веруваат дека принцот Филип е бог. Членовите на ова племе ги обожаваат неговите портрети и го славеле неговиот роденден. Принцот Филип неколку пати бил домаќин за овој народ во неговиот дом во Лондон и разменувал подароци и фотографии со нив.

Принцот Филип имал најдолг живот од сите машки членови на кралското семејство

Само кралицата Елизабета, мајка на Елизабета Втора и принцезата Алиса, војвотката од Глостер, живееле подолго од него. Првата живеела 101 година, додека Алис починала во 2004 година, три месеци пред нејзиниот 103 роденден. Имено, неговиот брак со кралицата Елизабета Втора, кој траеше дури 73 години, е најдолг во историјата на британското кралско семејство.

GOLD
To Top