Новости

Занимливости

Фенг шуи објаснува – Eве зошто не треба да имате огледало во ходникот

Според филозофијата на фенг шуи, сите предмети во вашиот дом, од најголемите до украсите и ситниците – имаат свое енергетско поле кое може да биде позитивно или негативно.

Имено, некои од овие предмети се повеќе од непожелни во вашата близина во просторот во кој живеете, бидејќи со себе носат лоша и негативна енергија и можат да влијаат на здравствени проблеми.

Исто така, многу е важно каде чувате други предмети во вашиот дом. Според оваа филозофија, ходникот е клучен бидејќи се смета за енергетска „врата“, па затоа е исклучително важно какви предмети чувате во ходникот и како ги поставувате.

Во повеќето домаќинства, на влезот во домот се поставува огледало, што може да има кардинално лоши последици кога станува збор за протокот на добра енергија низ нашиот дом.

Најголемата грешка ќе ја направите ако го закачите огледалото на таков начин што во него се гледа влезната врата.

Според фенг шуи толкувањата на овој начин може да се случи:

1. Од вашиот дом излегува позитивна и добра енергија, која може да биде проследена со кавги и нетрпеливост.

2. Атмосферата во куќата станува понапната.

3. Привлекувате токсични и негативни луѓе.

4. Огледалото во ходникот може негативно да влијае на вашите финансии.

Евротип
SNBROKER
To Top