Новости

Занимливости

ФОТО: Бебе родено со седа коса – Докторите не знаат како да го објаснат овој феномен

Момчето кое е родено во Унгарија со потполно бела коса го добило прекарот „малиот принц“, а се вика Бенце.

Бебето ги изненадило лекарите во Унгарија поради белата коса со која се родило. Кога се родило момчето, лекарите мислеле дека е албино, но се покажало дека само неговата коса е без пигмент.

Седата коса најпрво се припишува на постнаталниот стрес, но д-р Золтан Кумер исто така ја негира оваа можност.

Свое мислење за овој случај дале лекари од целиот свет и сите се согласуваат дека неговата коса моментално е без пигмент и дека за неколку години ќе потемни и ќе добие боја.

Во Унгарија момчето го добило прекарот „малиот принц“ поради неговата необична коса, а се вика Бенце. Во моментот на раѓање имал 5.400 грама и должина од 54 сантиметри, а по прегледот добил највисока можна оценка.

Албинизмот е сè уште непознат, но она што е познато е дека може да се најде кај сите раси и етникуми. Се карактеризира со делумен или целосен недостаток на меланин пигмент.

Во просек, косата станува сива кога некој ќе наполни 32. години, но за да стане целосно бела, треба да сте во доцните педесетти или шеесетти.

Со оглед на овој факт, бебињата со бела коса се вистинска реткост, па не е изненадување што малиот Бенс стана ѕвезда веднаш штом се роди.

Евротип
SNBROKER
To Top