Новости

Занимливости

Французин чекореше над Сена на јаже на висина од 70 метри

Французинот Нејтан Полин го премина јажето кое беше поставено на височина од 70 метри над Сена во Париз, проследено со бурно навивање на публиката која го следеше овој „адреналински“ настан од Ајфеловата кула и од брегот на реката.

Врзан за безбедносно јаже, испружено преку реката помеѓу Ајфеловата кула и театарот Шело, 27-годишниот Полин полека чекореше по него, пишува „Danas“.

Неколку пати паузираше да се одмори седејќи или лежејќи на јажето.

„Не беше лесно да се оди 600 метри. Тешко беше да се задржи и концентрацијата со оглед на притисокот и се што се случуваше наоколу. Но, дефинитивно беше прекрасно “, изјави Полин, а пренесува Guardian.

Тој вели дека било тешко да се добијат сите потребни дозволи за овој потфат и дека големиот притисок бил стресот поврзан со публиката и фактот дека имало многу луѓе.

Полин, сопственик на неколку светски рекорди, го изведе овој премин преку реката со цел да го одбележи „Денот на културното наследството“, кој се слави секоја година во Франција, кога луѓето се поканети да ги посетат зградите и спомениците кои инаку се затворени за јавноста.

Тој вели дека неговиот мотив бил да направи нешто убаво и да го сподели со луѓето, а во исто време да укаже на нова перспектива кон културното наследството.

Евротип
Евротип
To Top