Новости

Занимливости

Хаос во старски дом! – Си направил колачиња од марихуана, но тие завршиле на погрешно место

Еден ден телефонот на полициската станица во Јужна Дакота ѕвонел непрекинато, а сите ги опишувале истите „симптоми“, срцето им пулсирало се посилно, гледале чудни работи и сите биле смешни, а некои пак пријавиле дека се отруени.

Но, малку пред тоа…Еден човек од Јужна Дакота си направил колачиња со малку марихуана и отишол на спиење. Мајка му ја видела чинијата и ја однела во центарот за стари лица. Колачињата биле вистински хит, но потоа почнале проблемите.

 

Наскоро телефонот постојано ѕвонел. Сите ги опишале истите „симптоми“.

Полицијата почнала да го истражува случајот и не им требало долго за да поврзат се. Сите граѓани кои повикале полиција ноќта останале во социјалниот центар за стари лица. И сите јаделе колачи. Утрото полицијата тропнала на вратата на госпоѓата која ги донела колачињата за забавата. Таа им ги дала остатоците од тортата и кажала како ги направил нејзиниот син.

– Си направив колачи со масло што го донесов од Колорадо. Не знаев дека мајка ми ги зеде, но спиев кога таа излезе од дома – се бранеше 46-годишниот маж, но полицијата не покажа премногу сочувство.

„Нему му се заканува затворска казна до пет години и парична казна од 10.000 долари“, рече обвинителот за локални медиуми.

Сите граѓани кои јаделе колачиња се опоравиле.

Извор: telegraf.rs

Евротип
SNBROKER
To Top