Новости

Занимливости

Холанѓаните ќе се возат со чамци управувани од компјутер!

Властите во Холандија планираат да користат прототип на футуристички електричен роботски брод во областа во Амстердам што опфаќа околу 100 километри канали. Чамците што всушност ќе ги управува управува компјутер наместо капетан, ќе бидат превозно средство што не создава метеж во сообраќајот и не ја загадува животната средина.

Новите возила „Roboat“, покрај превоз на патници, би однеле и ѓубре, пренесува британски „Индипендент“.

На проектот работат експерти од Институтот во Амстердам, научници од Технолошкиот институт во Масачусетс.

Електричните роботски чамци пловат со мала брзина, до шест километри на час, со помош на елиса и четири придвижувачи напојувани од електрична батерија. Во зависност од видот и капацитетот на товарот, бродот ќе може да плови помеѓу 12 и 24 часа.

Овој нов вид брод управува далечински од компјутер, кој обработува податоци од камери и сензори кои ја скенираат областа околу пловниот објект, земајќи ги во предвид неподвижните и подвижните предмети. Податоците што ќе бидат собрани со помош на камери нема да ги идентификуваат луѓето, затоа се обезбедува приватност на граѓаните.

Директорот на Амстердамскиот институт, Стефан ван Дик, објасни дека ваквите возила се многу ефикасни во комплексни пристанишни операции, каде има многу бродови и пловни објекти, а и навигацијата може да биде многу побезбедна.

Целта е новите електрични роботски чамци да научат да маневрираат низ густиот сообраќај на каналите во Амстердам, преполни со приватни чамци и мали туристички чамци.

GOLD
To Top