Новости

Занимливости

Црните мачки – олицетворение на ѓаволот или секогаш неправедно осудувани?

Црните мачки се сметаат за најдобри пријатели на морнарите
Морнарите генерално сакале црни мачки верувајќи дека ќе им донесат среќа и ќе обезбедат нивно безбедно враќање дома.

Во средниот век, црната мачка била асоцијација за самиот ѓавол

Црните мачки во средниот век се верувало дека се олицетворение на зли духови и самиот ѓавол. Се верувало дека вештерките се претвораат во црни мачки и ги напаѓаат луѓето.

Црните мачки се всушност темно сини

На одредено светло, овие мачки всушност немаат црна боја на влакното, туку сиво-црно или кафеаво-црно.

Само во Азија и во некои Европски земји, црните мачки се симбол за благосостојба.

Освен благосостојба, во некои земји тие се и симбол за добра жетва и таму се верува дека тие придонесуваат околу финансиската стабилност.

Постојат 22 различни видови на црни мачки

Постојат 22 различни видови на црни мачки, а единствената официјално призната е расата Бомбај, со што пигментацијата на црното влакно е многу поголема кај машките отколку кај женките, а високото ниво на меланин во пигментот предизвикува тие да имаат жолти очи.

Египќаните ги обожавале како богови
Античките Египќани многу ги ценеле црните мачки. Една од најпознатите црни мачки од тоа време е мачката наречена Басет, позната како Божица на мачките. Сите црни мачки кои шетаа низ градовите се сметаа за реинкарнација на таа божица. Секој што ќе повредил црна мачка би бил казнет!

Тие имаат свој ден

Малкумина знаат дека Светскиот ден на црната мачка се слави на 17 август. Овој ден е основан за да им се оддаде почит на овие прекрасни мачки, за кои сме грешеле многу низ вековите, со оглед на предрасудите и суеверијата.

За нив се верува дека одржуваат среќен брак
Во Мидлендс (Велика Британија) се верува дека црна мачка е поврзана со среќен брак, а црните мачки често се сликани на поканите за венчавки, картички за младенци, како и други украси поврзани со венчавките.

GOLD
To Top