Новости

Занимливости

Часовник кој препознава досаден соговорник

Научниците од Институтот за технологија во Масачусец измислија уред сличен на часовник, кој со помош на вештачка интелигенција го „чита“ тонот на вашите разговори и реагира ако ви е досадно заради соговорникот.

Овој часовник има сензори кои ја следат работата на срцето, крвниот притисок, протокот на крв, температурата и движењата. Научниците ги комбинираа тие информации со аудио снимки како би ја анализирале висината на тонот во разговорот, нивото на енергија и вокабуларот и направија алгоритам кој сето тоа го проценува со точност од 83%.

Часовникот ги разбира тоновите на среќа, тага и неутралните тониви и сигнализира дека ви е досадно благодарение на паузите и извиците. Уредот може да се поврзи и со паметните телефони и кога ќе ви стане досадно почнува да вибрира.

Креаторите велат дека овој уред може да им помогне на луѓето кои имаат аутизам или имаат проблем со искажување емоции.

GOLD
To Top