Новости

Занимливости

Чоколадото – најпознато јадење за кое никој ништо не знае! Која е неговата историја?

Кога повеќето од нас го слушнеме зборот чоколадо, замислуваме кутија со бонбони, тврдо чоколадо, торта од чоколадо и слично. Глаголот што ни паѓа на ум е веројатно „јади“, а не „пие“, а најсоодветната придавка пак, би била „слатко“. Но, околу 90 проценти од долгата не баш позната историја на чоколадото, ТОА било строго пијалок, а пак шеќерот немал никаква врска со тоа.

– Јас често го нарекувам чоколадото: „Најпозната храна за која никој не знае ништо“, рече Александра Лиф, кој самата се опишува како „едукатор за чоколадо“. Хм… интересен термин, а замислете каква професија би била таа?! И навистина, Александра се занимава со ова, а нејзиниот бизнис го нарекува „Чоколадо – тури во Њујорк“. За кави тури станува збор, не знаеме, но во нашата имагинација, тоа би било нешто како…Таа е туристички водич специјализиран само за слаткарници. И нејзина задача е да ги прошета туристите, низ сите слаткарници во градот. Ни една не смее да изостане! Значи сите! Тоа би изгледало некако вака: „Одиш во автобус, таа раскажува нешто околу првата слаткарница, автобусот застанува, влегуваш внатре, те послужуваат со чоколадна торта, со колач, со…“ Уф, се извинувам! За момент избегавме од темата!

pinterest

Хк… До каде бевме? Аха, да.

-Терминологијата може да биде малку збунувачка, но повеќето експерти деновиве се согласуваат околу една вистина. Терминот „какао“ се однесува на растението или неговите семиња и зрна пред да се преработат, додека терминот „чоколадо“ означува што било направено од тие семиња, објасни Александра.  – „Какаото“ генерално се однесува на чоколадото во форма на прав.

Етимолозите тврдат дека потеклото на зборот „чоколадо“ доаѓа од ацтечкиот збор „xocoatl“, што се однесува на горчлив пијалок сварен од зрна какао. А додека пак латинското име за дрвото какао, „Theobroma cacao“, значи „храна на боговите“.

Многу современи историчари проценуваат дека чоколадото постои околу 2000 години, но неодамнешните истражувања велат дека може да биде уште постаро.

Во една од книгите напишани за историјата на чоколадото со наслов: „Вистинската историја на чоколадото“, се тврди дека најраните докази за потрошувачката на чоколадо се протегаат наназад три, дури и четири милениуми, до претколумбиските култури на Мезоамерика, како што е Олмек. Значи луѓето можеби и живееле во камено време како што тргнала работава, но сепак знаеле што е чоколадо и што е добро.

И така…А сега што се гледате уште во текстов? Барајте чоколадо!

Евротип
SNBROKER
To Top