Новости

Занимливости

Шпанската влада им плаќа 250 евра на младите да не живеат со своите родители

Шпанската влада ќе дава по 250 евра месечно на младите со ниски примања за да им помогне да се иселат од домовите на нивните родители, што е се поголем проблем во земјата.

Министерката за урбанизам Ракел Санчез изјави дека од овој месец Шпанците до 35 години, чии годишни примања се помали од 24.318 евра, ќе можат да аплицираат за месечен надоместок за да можат да изнајмат стан на две години. Таа рече дека оваа помош е важна за цените на становите да не бидат пречка во осамостојувањето на младите.

Според податоците од минатата година, дури 55% од Шпанците на возраст меѓу 25 и 29 години сè уште живееле со своите родители, што ја прави Шпанија една од европските земји со најголем број на млади луѓе кои се уште не се иселиле од домот на своите родители.

Таа бројка е поврзана со особено високиот број млади луѓе кои не се вработени – дури 29 отсто од оние под 25 години немаат работа во Шпанија.

Сепак, според Франциско Инарети, портпарол на Идеалиста, најголемата шпанска локација за недвижнини, директната поддршка за плаќање кирии можеби нема да ги исполни владините очекувања бидејќи има голема побарувачка за мали станови.

„Претходното искуство покажа дека субвенциите поттикнуваат зголемување на кириите“, рече Инарети, додавајќи дека станарите кои заработуваат нешто повеќе од 24.318 евра би можеле да се чувствуваат дискриминирани бидејќи ќе мора да плаќаат уште повисоки кирии без да добијат државна помош.

Евротип
SNBROKER
To Top