Новости

Занимливости

Што значи раката над библијата и кој го прекршил кодексот на облекување за оваа свеченост – интересни факти во врска со инаугурациите

Џо Бајден ќе положи заклетва како 46-ти претседател на Соединетите Американски Држави денес на инаугурацијата во Вашингтон.

Со оглед на пандемијата, како и поради безбедносни причини, овој пат за разлика од претходните церемонии, поранешните претседатели, традиционалните говори ќе се презентираат пред мала публика со протоколарна физичка оддалеченост и заштитни маски.

Но, оваа инаугурација, нема да биде посебна само поради склопот на околности со актуелната ситуација за пандемијата, туку истата веројатно ќе се памети и по тоа што бившиот претседател Доналд Трамп нема да биде присутен.

Во продолжение, ви нудиме неколку занимливи факти во врска со претходно одржаните инагурации низ годините:

– Инаугурациите секогаш се одржуваат на 20 јануари, точно на пладне, цели 232 години и „овластувањата“ на поранешниот претседател се префрлаат на новоизбраниот кој останува во Белата куќа во следните четири години.

– Без оглед дали е избран нов претседател на САД, потпретседател или ако можеби сегашниот претседател го освоил вториот мандат, тие мора да положат заклетва пред Врховниот суд во Вашингтон.

-Раката на Библијата не симболизира никаков религиозен концепт, туку со тоа се покажува дека има нешто духовно во американската нација.

– Првата фотографирана инаугурација била во 1857 година, а на втората инаугурација на Абрахам Линколн, за прв пат афроамериканците учествуваа на парадата.

-Томас Џеферсон на инаугурацијата што била одржана на 4 март 1801 година, дошол пеш, па патувал четири дена за да стигне до Вашингтон. Тоа било првото положување на заклетва во Капитол. Тој го започнал и завршил својот говор објаснувајќи дека не е совршен по што дури ги замолил од граѓаните да му простат за грешките што ќе ги направи во иднина. Џеферсон положил заклетва во Сенатот во зградата на Капитол, која сè уште не била целосно завршена. Меѓу другото, целел кон тоа владата да ја рефлектира еднаквоста на сите луѓе. На инаугурацијата, носел обична, темна облека без посебни ознаки. Тоа било сосема поразлично од неговите претходници, претседателите Вашингтон и Адамс, кои беа елегантно облечени и носеа церемонијални мечеви за инаугурациите.

-На инаугурација на Трамп, тој ја кренал десната рака кон судијата, додека левата рака ја потпрeл над двете Библии. Првата му била дадена од неговата мајка како момче, а втората е оставена во наследство од Абрахам Линколн.

GOLD
To Top