Новости

Занимливости

Јавна продажба на жените како алтернатива за развод! – Стар англиски обичај на кој властите замижувале

Во сиромашните области, во минатото на жените се гледало како на нешто што се купува и продава како и секоја друга стока.

Помеѓу крајот на осумнаесеттиот и средината на деветнаесеттиот век, во Англија постоел чуден обичај наречен продажба на жени.

Во овој период немало година без известување во весник за извесни судски спорови за продажба на жени. Помеѓу 1780 и 1850 година биле продадени околу 300 жени.

Во тоа време било многу тешко и скапо да се растури еден брак. За разводот да биде легален, потребен бил приватен акт на парламентот и тоа би чинело најмалку 3.000 фунти и на крајот благослов од црквата.

Бидејќи просечниот маж не можел да си дозволи да поништи брак, колку и да звучи чудно, единствената алтернатива за развод била разделбата преку постапка за јавна продажба. Во сиромашните области, на жените се гледало како на нешто што се купува и продава како и секоја друга стока.

Мажот ја носел сопругата на пазар или на аукција и ја регистрирал како стока, ѝ ставале јаже околу вратот, половината или зглобот, додека таа стоела на аукцискиот блок.

Тоа била незаконска практика, но и единствена алтернатива за просечниот човек, па властите најмногу замижувале пред оваа неправдина.

За да биде уште посурово, кога ќе ја направеле продажбата, сега бившиот сопруг и купувачот седнувале во локалното кафуле да ја прослават успешната „трансакција“.

Интересно е што речиси секоја самохрана мајка по своја волја излегувала на аукцијата. Во многу случаи, продажбата би била однапред објавена во локалниот весник и купувачот бил однапред договорен.

Еден од првите пријавени случаи на продажба на жени се случил во 1733 година во Бирмингем, каде Семјуел Вајтхаус ја продал својата сопруга Мери Вајтхаус на отворен пазар на Томас Грифитс за околу една англиска фунта.

Има и случаи во кои понекогаш се наведува дека жената инсистирала да биде продадена, а за многу жени тоа било единствениот излез од несреќниот брак.

Продажбата на сопругата го достигна својот врв во 1820-тите и 1830-тите. Со текот на времето, сопрузите кои сакале да ги продадат своите жени биле под екстремен социјален притисок, што довело до исчезнување на оваа „фасцинантна“ практика.

Тоа не значело дека нема повеќе случаи на продажба на жени, а најновиот случај бил забележан дури во 1913 година, кога една жена тврдела дека нејзиниот сопруг ја продал на еден од своите колеги за една фунта.

Извор: 24sedam.rs

Евротип
SNBROKER
To Top