Новости

Занимливости

Јапонската влада бара од младите да пијат повеќе алкохол

И додека повеќето влади во светот се обидуваат да ги обесхрабрат младите да пијат алкохолни пијалоци, јапонските власти го прават спротивното. Што се крие зад нивниот необичен став?

Младите луѓе во земјата на изгрејсонцето, имено, консумираат многу помалку алкохол од постарите генерации, дури 25% помалку. Ова можеби е добро за нивното здравје, но е многу лошо за јапонските домашни производители на саке (вино од ориз) и други алкохолни пијалоци.

Власта е свесна дека во оваа индустрија се вработени голем број луѓе, а освен тоа, нејзиниот приход зависи од продажбата на алкохолни пијалоци и здравјето на овој стопански сектор и другите стопански гранки поврзани со него.

Со цел да ги поттикне младите да консумираат повеќе алкохол, јапонската влада започна кампања наречена „Sake Viva“. Во суштина тоа е национален натпревар кој ги поканува Јапонците на возраст од 20 до 39 години да смислат начини да ја зголемат продажбата не само на јапонски саке, туку и на пиво, вино, шочу и виски.

Кампањата Sake Viva ги охрабрува натпреварувачите да се фокусираат на работи како брендирање, маркетинг, промоции, па дури и технолошки иновации како вештачка интелигенција. Натпреварувачите имаат рок до септември да ги достават своите проекти, а последната рунда на евалуација на нивните идеи ќе се одржи во ноември.

Се разбира, вреди да се напомене дека кога зборуваме за „млади луѓе“ во Јапонија, мислиме на луѓе кои се постари од законската возраст за пиење во Јапонија. Во Јапонија е нелегално за секој помлад од 20 години да пие алкохол или да пуши цигари.

Ако мислите дека политиката на Јапонија за поттикнување консумација на алкохол изгледа многу чудна, имајте на ум дека барем не е во спротивност со другите цели на владата на оваа земја, како што се растот на индустријата за алкохолни пијалоци и развојот на економијата.

Во повеќето други земји, од друга страна, Министерството за (земјоделство) економија, на пример, доделува субвенции за тутунопроизводителите и го промовира производството и преработката на овие растенија, додека во исто време Министерството за здравство промовира здрав живот без цигари, а локалните и републичките власти донесуваат прописи со кои се забранува или ограничува продажбата на цигари и пушењето на јавни места. Светот е апсурден нели?

Евротип
SNBROKER
To Top