Новости

Занимливости

Јапонците направија „машина за соништа“ – уред кој може да ја репродуцира содржината од нечиј сон

Јапонците направија „машина за соништа“, репродуцирајќи сон како да гледаат видео

Научниците од Јапонија создадоа „машина за соништа“ – уред кој може да репродуцира содржина од нечиј сон.

Луѓето често сонуваат нешто, но кога ќе се разбудат се сеќаваат на сонот низ магла или воопшто не го паметат. Тој сон сега може да се „чита“ со помош на нова технологија базирана на магнетна резонанца.

Новиот уред се користи во медицината за детално испитување на органите на телото со помош на магнетна технологија и радио бранови.

Се користи во медицината за испитување на болести како што се рак, мозочен удар, оштетување на крвните садови во мозокот, тумори, повреди на ‘рбетниот мозок, нарушувања на очите или внатрешното уво, мултиплекс склероза и за откривање повреди на главата.

Меѓутоа, оваа модифицирана магнетна резонанца не се користи само за читање соништа, туку и за нивна реконструкција. Кога личноста ќе се разбуди, ќе може повторно да го репродуцира сонот на екранот, па затоа е невозможно да се заборави.

„Машината за соништата“ работи така што ја мери мозочната активност додека луѓето спијат. Податоците потоа се внесуваат во алгоритам кој го реконструира сонот, а реконструкцијата резултира со репродукција на сонот.

За да се разбере оваа технологија, треба да се замисли мотор и мозок што работи според шема што се појавува секогаш кога моторот се визуелизира.

Алгоритмите се користат за поврзување на скенираните податоци од мозокот со соодветните слики со кои тие се во корелација.

Истражувачите во Јапонија признаваат дека нивната технологија не е совршена, бидејќи нејзината точност е околу 60 проценти, но постои оптимизам дека во иднина значително ќе се подобри.

А дали ние некогаш ќе го разбереме ова или не…? Па, тоа се јапонци нели?!

Евротип
SNBROKER
To Top