Новости

Занимливости

104-годишна пензионерка сака да биде уапсена – полицијата ќе и ја исполни желбата

Во Велика Британија 104-годишна жена од старски дом побара да биде во затвор, објави весникот Бристол пост.

– Јас сум на возраст од 104 години и секогаш сум била на страна на законот, ама сега сакам да бидам на темната страна, нагласува Ен Броуканброу во својата листа на желби.

Домот за стари и изнемоштени лица Stokeleigh Care Home во Бристол во кој живее пензионерката одлучил да им исполни желби на станарите. Тие на лист хартија запишале какви желби сакаат да им се исполнат. Потоа тие барања биле поставени на трговски центри, каде очекуваат на видни места да ги забележат и да им бидат исполнети на пензионерите.

Од полицијата реагираа „радосно“ кога го видоа барањето на пензионерката и ветија дека на 20 март ќе ја приведат и со тоа ќе и ја исполнат желбата, наведува весникот.

Во списокот на нестандардни желби имало – возење со Ролс Ројс, посета на мотоклуб, масажа и прегратка со пудлица.

GOLD
To Top