Новости

Занимливости

11 Различни начини на пиење кафе низ светот

Кафето е омилен пијалок за многумина од нас и тоа не само што е пијалок, туку за повеќето „кафеџии“ е култ. Кафето е приказна за себе. Кафето е разговор или како што ние често тоа народно си го велиме:„ На кафе – муабет“. На нашите простори е познато т.н. турско кафе, а не ретко пиеме и макијато, еспресо или можеби нес. Но, што се случува во светот и што луѓето подразбираат под кафе?

Австрија

Австријците имаат мошне необичен начин на подготовка на нивното кафе. Штом станува збор околу состојките при самата подготовка на нивното „црно кафе“, тие го прават со жолчка од јајце, шеќер и коњак.

Нов Зеланд и Австралија

Кафето тука е микс од популарното кафе „лате“ и капучино. Немојте да се изненадите, доколку во Нов Зеланд или Австралија ви донесат кафе во голема чаша. Можеби и не знаат за нашето еспресо.

Мексико

„Caffe de olla“, е засладено и во исто време зачинето кафе што го сакаат Мексиканците. Темното печено кафе е комбинирано со цимет, кора од портокал и темно кафеав шеќер.

Франција

Французите го преферираат своето традиционално „Cafe au lait“. Пијалокот е едноставна мешавина од сварено кафе и млеко подготвено на пареа.

Турција

Секако дека во Турција е фамозно „турското кафе“. Се послужува во ѓезве, најчесто во прилог со локум и е доста силно според светските критериуми, а доколку ви треба нешто што ќе ве освести и сакате да бидете будни, дефинитивно гласаме за турско кафе.

Шпанија

„Caffе Bonbon“ е омиленото кафе на Шпанците. Ова е можеби наменето за оние кои повеќе сакаат благо, затоа што е совршена комбинација од црно кафе и засладено кодензирано млеко.

 Виетнам

Во Виетнам, кафето се пие исто така со јајце, а во него најчесто се чувствува вкусот и на кондензираното млеко, медот и екстрактот од ванила.

Грција

Нам добро ни е познато дека  Грците го обожаваат нивното „Фрапе“ и истото го прават со вода, инстант кафе, малку шеќер, незасладено кондензирано млеко и ледени коцки.

Етиопија

Во Етиопија не пијат само кафе, туку прават цела церемонија од тоа. Церемонијата вклучува печење и мелење на зрната, варење, исцедување и послужување на кафето.

Германија

Некои култури во светот, велат дека Германците и тоа како знаат да пијат кафе. Нивниот популарен пијалок е мешавина од темно кафе, рум и шеќер, прелиено со шлаг. Но, според нас, шлагот некако не е добредојден во комбинација со силното кафе.

Италија

„Espresso“ Romano е уникатното кафе на Италијанците кое раскажува дека тие не ги комбинираат лимоните само со чај, туку и со нивното кафе. Овој пијалок се служи со парче лимон кој како што тврдат тие,  помогнува во интензивирањето на вкусот на еспресото. Интересно за Италијаните е дека тие го пијат кафето најбрзо што можат и за разлика од нас, не остануваат со часови во кафулињата. За нив кафетериите, најчесто се станица, која ќе им помогне да останат будни.

Како и да е, можеби сегде се приготвува различно, но овој пијалок е популарна заедничка приказна што ја знае целиот свет.

GOLD
To Top