Новости

Занимливости

1,6 милиони евра сметка за парно – Човекот е сеуште во шок

Цените на струјата постојано се покачуваат и сутуацијата ескалира, но за овој германец сметката навистина „скокнала“ или барем така изгледало.

Станува збор за германецот од Нордерштет, во провинцијата Шлезвиг-Холштајн кој навистина се шокирал и останал без зборови кога на неговата домашна адреса пристигнала сметка за парно од неверојатни 1,6 милиони евра.

Како што наведува во видео клипот во кој го исфрли целиот гнев, од градското претпријатие „Stadtwerke Norderstedt“, за парно греење треба да плати 1.647.620,33 евра за проценета годишна потрошувачка од 9.840.000 киловат часови.
Како што пренесуваат германските медиуми, овој пожарникар вели дека со ваквата проценка на градското претпријатие, целата населба би можела да се загрее. Но, тој истакна и дека грешки се случуваат и дека тоа на сите им е јасно, но во случај ова писмо да го добие некој постар, нема да заврши добро.

„Ако 90-годишна баба го добие ова, таа би била мртва поради оваа сметка“, огорчено вели човекот.

Во своето седумминутно видео тој прашува дали е можно никој да не внимава што им се праќа на корисниците.

Од градското претпријатие само кусо одговорија дека има грешка во системот што ја зголемила вкупната сума за фактор 1.000.

Евротип
SNBROKER
To Top