Новости

Занимливости

3-те најдобри совети за перење во машината за алишта, кои брзо дејствуваат и се од голема помош

Денешните машини за перење се претворени во машини со навистина сложени механизми, кои имаат огромен број на режими и опции за перење, со дополнителни функции за сушење, па дури и пеглање на облеката.

Но покрај тоа, постојат и огромен број на трикови кои треба секој од нас да ги знае, бидејќи би му биле од огромна помош во секојдневието, а денес ќе ви раскажеме за 3-те најдобри и најкорисни вакви трикови!

1. Топки од алуминиумска фолија 

Овие топки совршено помагаат во отстранувањето на статичкиот електрицитет од облеката, спречувајќи било какви влакна и прашина да се наталожуваат на облеката, кои се особено забележливи при црните алишта. Алуминумските топки треба да се со големина на тениско топче, а за истите ќе ви биде потребна обична алуминиумска фолија.

2. Аспиринот понекогаш е подобар од белилото 

Со текот на времето, белите алишта го губат својот бел и блескав изглед и започнуваат да пожолтуваат, што е премногу забележливо, а дамките тешко се отстрануваат.

Аспиринот најефикасно може да се справи со овој проблем- Сомелете неколку таблети аспирин и додадете ги заедно со прашокот, за време на перењето. За најдобар ефект, потопете ја облеката во вода да отстои 8-10 часа, во вода во која претходно е разреден аспирин (Се става 1 таблета аспирин на 1 литар вода).

3. Кафе за моќна црна боја 

Црните алишта исто така по неколку перења, исто така ја губат својата боја и не изгледаат толку добро. Со овој проблем лесно може да се справите, благодарение на помошта на обичното кафе. Потребно е да подготвите неколку шолји кафе и истото додадете го во машината за алишта, за време на процесот на плакнење, кога алиштата веќе ќе бидат исперени. Се подразибра, во машината во тој случај, треба да има само црна облека.

 

GOLD
To Top