Новости

Занимливости

4 Правила на бонтон што многу луѓе ги забораваат

Погледнете што не смеете да правите додека седите на маса. Ова се 4-те правила на бонтон кои многу луѓе ги забораваат!

Бонтонот е многу важен ако сакате да оставите впечаток на љубезна и пристојна личност. Без разлика дали седите на маса дома или во добар ресторан, овие правила на бонтон мора да ги знаете.

Веројатно сте запознаени со следниве правила, но многу луѓе често ги забораваат и прават овие кардинални грешки. Следниве ситници може да предизвикаат да се претставите во погрешно светло пред другите. Обрнете внимание и почитувајте ги етикетите.

1. Правилно држење на чаша

Многу луѓе ја прават оваа грешка кога држат чаша. Чаша за вино не се држи за нејзиниот раб. Тоа не е соодветен бонтон, а вашето вино ќе се загрее побрзо. Кај чашите за црвено вино, вообичаено е да се користат три прсти и палец за да се подигне чашата.

2. Положба на рацете

Не смеете да ги држите лактите на маса додека јадете. Подлактиците треба да се потпираат на работ на масата. Оваа поза ќе придонесе и за вашето правилно држење на ‘рбетот. Рамената автоматски ќе ви се исправат и на тој начин ќе изгледате поубаво.

3. Солта и биберот се додаваат заедно

Кога некој ќе ве замоли да додадете сол или бибер, секогаш правете го тоа со додавање на двете. Ова е мала работа што ќе и покаже на другата страна дека го почитувате бонтонот. Друга работа што никогаш не треба да ја правите, штом е во прашање бонтоот, е да ја зачините храната пред да ја вкусите. Тоа се толкува како навреда за готвачот.

4. Не се наведнувајте над масата

Ако нешто не ви е на дофат, замолете некој што е да ви го додаде. Секое наведнување, не е соодветно однесување.

Евротип
SNBROKER
To Top