Новости

Занимливости

6 Работи кои не треба да ги чувате во вашата спална соба

Чевлите не смеат да бидат дел од овој простор

Чевлите пренесуваат бактерии и нечистотија, па затоа е најдобро да ги соблечете веднаш по влегувањето во домот. Сигурно не е здраво да спиете во иста просторија со нив, а богами и не е пријатно поради мирисите што ги создаваат.

Будилник или мобилен телефон

Глетката на будилник кога ќе се разбудите среде ноќ предизвикува вознемиреност затоа што ве тера да размислите колку малку време ви преостанува да спиете. Таквите мисли, се разбира, ве спречуваат повторно да заспиете. Истото важи и за мобилните телефони, ако тие ве разбудат. Експертите препорачуваат да ги ставите двата предмети во ходникот пред спалната соба за сепак да го слушнете звукот на алармот. На тој начин, ќе бидете сигурни дека навистина ќе станете кога ќе треба, бидејќи нема да можете да се скриете зад фактот дека не знаејќи, во сонот сте го исклучиле часовникот или телефонот.

Семејни фотографии

Едно од правилата на фенг шуи е дека сликите на членовите на вашето семејство не треба да стојат во спалната соба, туку во дневната соба. Имено, се верува дека тие предизвикуваат загриженост кај луѓето, затоа што ги потсетуваат на обврските што ги имаат кон членовите на семејството, но и на нивните проблеми поради болест или некој друг фактор.

Работната маса или биро

Ова е уште еден детал кој може да ве потсети на сите обврски што ги имате среде ноќ, поради што не е идеално таа да биде во спалната соба. Само ќе ви предивика грижи околу вашите обврски и ќе го активира мислите кои нема да дозволат да го добиете одморот кој ви е потребен.

Опрема за вежбање

Соодветно место за опрема за вежбање никако не треба да биде во вашата спална соба. Најдете некое друго место за истата. Ова е погрешно од две едноставни причини. Не е хигиенски и освен тоа, може да се чувствувате виновни затоа што не сте вежбале одамна, што може да ве вознемири и да ве спречи да заспиете.

Храна

Спалната соба не е место за храна. предизвикува хаотичност и чувство кое ќе ви сугерира дека не знаете да се организирате.

GOLD
To Top