Новости

Занимливости

7 работи кои мислиме дека се лоши, а всушност ја прават врската поцврста

Постојат голем број на стереотипи и верувања за тоа што е правилно однесување во врската.

7-raboti-koi-mislime-deka-se-loshi-a-vsushnost-ja-pravat-vrskata-pocvrsta-01.jpg

Но, не мора секогаш да биде така како што некои кажуваат.

Ова се 7 типови на интеракција за кои се смета дека се лоши, а всушност влијаат позитивно на врската:

1. Конфликти

Конфликтите во врската предизвикуваат искреност, исфрлање на лутината и зборување за тоа што ве прави незадоволни. Така подобро ќе го разберете партнерот, но треба да бидете културни и да се почитувате дури и во кавги.

7-raboti-koi-mislime-deka-se-loshi-a-vsushnost-ja-pravat-vrskata-pocvrsta-02.jpg

2. Флертување

Флертувањето настрана помага во подобрување на расположението и самодовербата. Важно е да се наполните со таква енергија и позитивни емоции, во пар. Но, не ја преминувајте границата.

7-raboti-koi-mislime-deka-se-loshi-a-vsushnost-ja-pravat-vrskata-pocvrsta-03.jpg

3. Себичност во граници на нормалата

Важно е двајцата да се грижите за себеси и да си ги исполнувате сопствените желби, но и да се почитувате и разбирате меѓусебно за тоа. Поставете си граници за одредени работи и немојте да се гушите.

7-raboti-koi-mislime-deka-se-loshi-a-vsushnost-ja-pravat-vrskata-pocvrsta-04.jpg

4. Тешкотии

Сите парови, без исклучок, минуваат низ одредени кризи. Затоа е важно да научите да се толерирте и да ги надминувате тешкотиите заедно, без да избувнувате и да предизвикате последици.

7-raboti-koi-mislime-deka-se-loshi-a-vsushnost-ja-pravat-vrskata-pocvrsta-05.jpg

5. Трошење на слободното време

Ако правите сè заедно и не си давате меѓусебно простор, во врската може да преовлада монотонија и досада, која ќе прејде во посериозен проблем со текот на времето. Дајте си малку простор и немојте да бидете неразделни по секоја цена.

7-raboti-koi-mislime-deka-se-loshi-a-vsushnost-ja-pravat-vrskata-pocvrsta-06.jpg

6. Бранење на интереси

Сите имаме свои интереси во животот, но кога сме во врска, мора од нешто да се откажеме за да постигнеме компромис. Секое жртвување влијае на врската, но после првата кавга за тоа, ќе го надминете конфликтот. Не треба да се обвинувате.

7-raboti-koi-mislime-deka-se-loshi-a-vsushnost-ja-pravat-vrskata-pocvrsta-08.jpg

7. Претерана грижа

Добро е да се грижите за тие кои ги сакате и да бидете љубезни со нив, но немојте да претерате и да се однесувате со вашиот партнер како да е мало дете. Тоа може да почне да му оди на нерви и да предизвика напнатост.

7-raboti-koi-mislime-deka-se-loshi-a-vsushnost-ja-pravat-vrskata-pocvrsta-09.jpg

Извор: crnobelo.com

GOLD
To Top