Новости

Занимливости

7 работи кои може да ви помогнат да го контролирате бесот и лутината

Лутината е дел од сечие секојдневие, а иако не е препорачливо, сепак некогашможе корисно да влијае на внатрешната состојба, колку и да звучи чудно.

Таа помага инстинктивно да идентификувате и да одговарате на опасни ситуации, а многу често и претставува мотив да се охрабрите да направите нешто што позитивно ќе ви влијае, но секако, зависно од ситуацијата.

Најчесто лутината и бесот се последица на стрес и проблеми во односите со колегите, роднините, пријателите, надворешниот свет, а некогаш и со самите себе.

Но, иако можеби мислите дека не постои решение, сепак можете да си помогнете и да го контролирате бесот.

Работи кои ќе ви помогнат во тоа:

Напишете ги причините заради кои сте нервози и уништете ги

Запишете ги сите работи кои ве нервираат и објаснете ги во детали, ослободете го умот од овие мисли, а потоа фрлете го или уште подобро уништете го листот.

Љубов и внимание

Некогаш ви е доволна и само пријателска прегратка која може да ви помогне да се ослободите од лутината и стресот, а ќе се чувствувате посреќно.

Гума за џвакање

Научно е докажано дека гумата за џвакање помага полесно да се справите со моменталниот стрес, бидејќи додека џвакате, мускулите на лицето и телото полека ослободуваат тензија.

Одете на прошетка или трчајте

Потребна ви е физичка активност независно во која форма. Трчајте, пешачете 20 минути или правете склекови – секоја активност ќе му помогне на мозокот да лачи ендорфин, хормон на среќа.

Пејте ја омилената песна

Иако звучи чудно, но пеењето е одличен начин да се ослободите од стрес и лутина, па омилената песна може многу да ви помогне во овие ситуации.

Јадете нешто крцкаво

Не се прејадувајте бидејќи потоа сигурно не сакате да си бидете лути сами на себе, но не се оставајте гладни.

Идеално е да јадете нешто крцкаво кога сте лути, бидејќи луѓето уживаат во тие звуци и ментално ги опуштаат.

Домашни обврски

Иако ретко кој би се нафатил на ова кога е нервозен, сепак средувањето низ домот ќе ве смири за кратко време.

Средете го плакарот, избањајте го миленикот, наводнете ги цвеќињата и за кратко време ќе почувствувате разлика, а плус ќе бидете корисни.

 

 

 

Извор: Црно бело

GOLD
To Top