Новости

Занимливости

8 причини зошто возењето со гондола во Венеција е толку скапо

Гондолиерите одат во специјално училиште за да добијат лиценца, има строги правила колку смеат да им бидат широки ригите на маиците, а платата им е околу 12.500 евра месечно.

Прекрасни градби, канали и возење на гондола… Добро звучи Венеција зарем не?

Овој италијански град е вистинско уживање за туристите, а најголема атракција веќе години наназад е возењето со гондола.

Сепак, цените може непријатно да ве изненадат. За возење од 30 минути треба да платите 80 евра, а по 19 часот оваа цена се качува и до 100 евра.

Гондолата може да ја делат 6 луѓе, што значи дека нема да треба да плаќате 80 евра само за вас.

Специјалните услуги, како пеење на пример, се плаќаат дополнително.

Најдобро е пред да влезете во гондолата добро да преговарате за цената и должината на возењето. Но, мора да запомните дека гондолата не е обично превозно средство, туку атракција и романтично доживување кое се помни цел живот.

Зошто возењето со гондола е толку скапо?

Постои училиште за гондолиери

Во Венеција се оди на училиште од 6 години, а од 14 до 19 се одбира конкретна насока на образование, па многу млади момчиња се насочуваат кон учење како да возат гондола и да се снаоѓаат во водениот транспорт.

Престиж е да се образуваш во вакво училиште и воопшто не е евтино – годишно чини 4.000 евра. Покрај вообичаените лекции, потребен е и физички тренинг и практика во каналите.

Има и жени гондолиери

Иако нема многу, сепак постојат и жени кои работат како гондолиери.

Најскандалозната жена гондолиер е Германката Александра Каи, која долго време работела без лиценца, па преку судот успеала да дојде до право за да работи.

Колку заработуваат?

Гондолиерите заработуваат повеќе од другите жители на градот и во просек си обезбедуваат примања од 12.500 евра месечно. За споредба такси возач на вода заработува 3.500 евра, водоводџија 1.500 евра, полицаец 2.500 евра, сопственик на кафуле 4.000 евра.

Локалците не ги сакаат гондолиерите и ги сметаат за арогантни.

Распоред и цени

Цените за оваа услуга се официјално утврдени и тоа за 30 минути треба да платите 80 евра, а по 19 часот оваа цена се качува и до 100 евра, со тоа што некогаш може да добиете 5-7 минути плус возење, некогаш минус.

Гондолиерите имаат смени на работа, во зима им е полабаво, а дел од заработувачката им оди на трошоци за одржување на гондолата.

Ограничен број гондолиери со лиценца

Нема точна бројка, но според податоците има околу 430 лиценцирани гондолиери кои поседуваат гондола.

Има уште 150 кои не поседуваат гондола, но ги заменуваат другите во случај на отсуство поради болест и слично.

Препознатлив стил

Туристите ги препознаваат гондолиерите по маичките на риги и сламената шапка. Униформата е строго регулирана, па ригите може да бидат само црни или црвени со ширина од 2,5 сантиметри.

Чевлите до неодамна требаше да бидат црни, но сега може да носат и друга боја. Носењето на шапка е личен избор на гондолиерот.

Во зима дозволено им е да носат црни јакни и шалови на риги.

Малку локалци

Во Венеција сега живеат само 50.000 жители бидејќи поради големиот наплив на туристи градот стана скап и несоодветен за живот.

Да имате своја гондола е скапо. Просечната цена е од 30.000 до 90.000 евра. Експертите може да ви направат гондола за неколку месеци и таа да ве служи во наредните 20 години, па и повеќе.

Правила за движење во вода

Некои гондолиери кога минуваат низ тесни канали знаат со ногата да ја оттурнат гондолата од некој ѕид, но според правилата ова не е дозволено. Ако при полагање за гондолиер направите ваква грешка, ќе паднете.

Постојат и други правила, на пример навечер мора да вклучите светло на гондолата инаку ќе платите 150 евра казна.

 

 

 

 

 

Извор: Црно Бело

 

GOLD
To Top