Новости

Занимливости

81-годишна Јапонка направи апликација за iPhone

Masako Wakamiya прави новости за апликација, која таа ја креирала за им го покаже на луѓето вистинскиот начин за пласирање на нивните традиционални кукли кои се прикажуват пред Денот на девојката, во Јапонија.

Таа е поранешна банкарка, која има 43 години работен стаж во голема јапонска банка, а таа самата научила како да користи компјутер кога имала 60 години.

Во апликацијата, наречена Hinadan – комбинација на зборовите ХИНА – еден вид на кукла и ДАН – ниво – играчот мора да позицира 12 кукли во нивните точни позиции на екранот со четири нивоа.

Откако играчот ќе заврши со играта, се појавува порака со честитки.

Оваа госпоѓа има и свој блог кој содржи упатства за тоа како да се направи уметност со Excel, но објавува и видео блогови од патувањата кон Медитеранот и Нов Зеланд.

Енергичната дама, исто така раководи со клубот за други пензионери во активно стареење и истиот е наречен Mellow клуб.

Во продолжение погледнете го нејзиниот говор во Токио, каде што зборува за активно стареење во дигиталниот свет.

GOLD
To Top