Новости

Занимливости

85 Годишен пијанист собира пари за хуманитарни цели преку музика што ја посветил на покојната сопруга

Алан Мелинк (85) од Лондон ги освои срцата на луѓето ширум светот, откако започна да објавува снимки на кои свири пијано на Интернет, сето тоа во чест на неговата покојна сопруга.

Нивната љубовна приказна започнува во џез-клуб каде што се запознале. Љубителите на музиката, тој и неговата сопруга Пат, со години уживаат во класичната и џез музиката.

За жал, таа почина од рак на јајници во 2006 година. Од тогаш, Алан започна со собирање пари за истражување на ракот во Велика Британија со неговите месечни концерти.

Бидејќи мораше да ги прекине овие концерти заради пандемијата, неговата внука Бела му помогна и му даде идеја да ги покаже своите вештини и талент на социјалната мрежа Тик Ток – и така се создаде профилот „Пијано Грандад“.

– Моите концерти станаа вирални и јас сум презадоволен. Бев воодушевен што луѓето сакаат да ми помогнат да соберам средства за здружение што ми значи многу – изјавил тој.

 

Евротип
Евротип
To Top