Новости

Занимливости

Blue Monday – Денешниот понеделник е најдепресивниот во годината

Според истражувања кои ги направиле британските психолози денешниот понеделник е прогласен за најдепресивен ден во годината со оглед на тоа што изминуваат полека сите празнични еуфории, луѓето се враќаат на работните места и продолжуваат обврските. Вообичаено Синиот понеделник е на почетокот на третата недела од јануари.

Причините за депресија се доста објективни. Нашите тела се уморни од декемврискиот маратон, а нашите банкарски сметки се испразнети. Исто така за многумина празниците се стресни поради сите грижи за договори со семејството и пријателите, обврските за домашно готвење и подготвување трпези, како и барање подароци.

Утрата се уште се многу темни, а сонцето е премногу слабо за да го регенерира нашето ниво на витамин Д. Значи, природно, најдепресивниот ден во годината е во јануари.

Иако „Blue Monday“ се „слави“ секоја година, изборот на денот не е строго научно оправдан. Датумот е пресметан од страна на психологот Клиф Арнал со формула земајќи ги предвид факторите како што се ладно и влажно време, долгови, деновите поминати по Божик, општото чувство на ниска мотивација.

GOLD
To Top