Новости

Занимливости

BMW-то исчезнало за 20 секунди: Погледнете како денес се крадат автомобили

Модерните технологии се секако добредојдени во денешното општество, но истите знаат да бидат злоупотребени од страна на крадци кои сега многу полесно крадат автомобили.

Бесклучниот автомобилски систем е една од таквите технологии која многумина ја доживуваат како непотребна, а истата го олеснува крадењето на возила.

Најновиот пример доаѓа од околината на Нортхемптон, Велика Британија, каде надзорна камера снимила кражба на BMW M140i. Скапоцениот и моќен премиум компакт им “паднал во очи” на добро обучените крадци на кои им биле потребни помалку од 20 секунди за целата операција.

Еден од крадците најпрвин со скенер го фатил сигналот од клучот на автомобилот, додека друг со радиопредавател стоел до BMW-то и чекал сигнал. Во моментот кога сигналот бил фатен, неговиот соработник веднаш го отклучил автомобилот и заминал, а целата работа буквално траела 20 секунди.

Ова не е првпат случај камерите да снимиле ваква кражба – претходната година бил фатен крадец на Mercedes, а снимката можете да ја погледнете во продолжение:

 

 

Извор: Точка

GOLD
To Top