Новости

Занимливости

Counter Strike и натаму е популарна видео игра, бројот на играчи руши рекорди

Counter Strike: Global Offensive е попопуларна сега, отколку кога излезе во текот на 2012-та година.

CS:GO веќе со години веќе со години е една од најиграните видео игри на Steam платформата, а голем „ветар во грб“ оваа игра доби со преминувањето на free-2-play моделот.

Откако играта стана бесплатна, популарноста на играта драстично порасна, а во изминатите месеци бил забележан рекорден број на играчи.

SteamCharts, задолжени за следење на активностите на игрите на платформата на Valve, забележале просечен број на играчи кои дневно ја играат играта од дури 400 илјади.

Покрај тоа што е бесплатна, оваа игра ја популаризираат и враќањето на одредени познати мапи, освежувањето на дизајнот на постоечките мапи, како и големиот број на турнири кои константно се одржуваат.

GOLD
To Top