Новости

Занимливости

Google со клучна промена за Gmail

Мејл сервисот на Google – Gmail, ќе претрпи клучна промена. Google нема повеќе да ја скенира содржината на поштата, која ја добиваат корисниците, со цел да им испорачува персонализирани рекламни пораки. Технолошкиот гигант често беше критикуван за практиката да ги користи податоците од пораките на своите корисници за да ги насочува релевантно рекламните пораки во својата мрежа. Сега сепак Google ќе ја прекине оваа практика, соопштуваат од компанијата преку својот блог, пренесува CNN.

Промените ќе стапат на сила во крајот на оваа година. Потегот ги следи принципите содржани во Gmail услугата за бизнис, каде што не се скенираат пристигнатите мејлови, откако тоа веќе нема да се случува и со бесплатната сметка. Тоа сепак не значи дека луѓето нема да видат повеќе таргетирани реклами во Gmail. Тие ќе продолжат да бидат прилагодени преку информациите изведени од други извори.
Така на пример, Google ќе собираат податоци од историјата на гледање клипови во платформата за видеосподелување YouTube. Сепак Google ќе продолжи да ги анализира податоците од мејловите за цели различни од прикажувањето на реклами.

Според општите услови на компанијата, скенирањето на содржина се случува поради опасноста од спам и вируси.

Извор: standard.mk

GOLD
To Top