Новости

Занимливости

Ohoo – меурче полно со вода што ќе ги замени пластичните шишиња

Научниците направиле производ кој би требало во потполност да ги замени пластичните шишиња.

Пред три години, тројца инжинери од британската организација „Skipping Rocks Lab” изработиле водени балони кои се јадат.

Сега тие собираат средства за да може нивниот производ кој е наречен „The Ooho” да се најде на пазарот. „Нашата мисија е амбалажниот отпад да исчезне“- изјавиле инжинерите.

„Ooho” претставува одржлива замена за пластичните шишиња и чаши. Балоните се направени од натриум алгинат, земен од  кафеави алги и  калциум хлорид. Балоните се целосно биоразградливи и природни, па може слободно да се јадат.

Овие флексибилни балони се исполнети со вода  и на нив може да се направи дупче и водата да се испие, или може да се конзумираат цели.

Можат да се користат и за пакување на разни други течности за пиење, па дури и за козметика.

Секој балон содржи 250 мл. вода, а изработката чини само два центи.

Тимот се надева дека ќе почне со продажба на нивните балони на музичките фестивали и маратоните во рок од 12 месеци.

GOLD
To Top