Новости

Занимливости

Starbucks ја отвара најголемата кафетерија во светот

Најпознатиот синџир на кафетерии Starbucks ќе го отвори во Чикаго својот најголем објект во светот.

Од компанијата соопштија дека ресторанот ќе се отвори на 15 ноември и дека Чикаго ќе го замени Токио како град со најголем Starbucks.

Објектот во Чикаго ќе има 43.000 квадратни метри, а тој ќе биде и своевидна туристичка атракција.

Ќе содржи специјални кафиња и чаеви, печки и огромни садови за кафе. Ќе има и коктели барови и ќе служи подобра храна.

Кога Starbucks го најави објектот во Чикаго во 2017 година, објави дека тоа ќе биде „целосно сензуално опкружување за кафе“ посветено на печење и правење Starbucks кафе од целиот свет.

GOLD
To Top