Новости

Занимливости

Tрикови кои ќе ви помогнат брзо да заспиете

Кога легнете да спиете, ако ве мачат милион прашања и грижи, па не може да заспиете до доцна, тогаш сигурно имате анкциозност поврзана со спиење. Најголем проблем е тоа што недостатокот на сонот го активира центарот за грижа во мозокот, а кога тој центар ќе се разбуди, се повеќе ни е потешко да заспиеме.

Некогаш тоа може да биде сериозно и да доведе до состојба позната како психофизиолошка несоница: се грижите дека нема да спиете доволно, па поради оваа грижа не можете да заспиете. Што може да направите?

Опуштете ги мускулите

Се мора да биде побавно, вклучувајќи го и отчукувањато на срцето кое треба да биде под 60 отчукувања во минута, за да може да заспиете. Обидете се да се концентрирате на опуштање на мускулите, тргнувајќи од стапалата, па нагоре.

Направите список со вашите обврски за утре

Пред да спиете, запишете се што треба утре да направите. На тој начин, нема да се превртувате во кревет и да размислувате за обврските кои ве чекаат утре. Но, тој список не го правете во кревет, туку пред да легнете.

Водете љубов

Ако спиете со некој што го сакате, милувајте се пред да заспиете или пак водете љубов.

Пуштете си музика за смирување

Пуштете музика која ве опушта. Тоа може да бидат звукови на природа, шум на планинска река или дожд.

GOLD
To Top