Новости

Женски муабети

Ќе биде доцна ако не почнете од денес!

Можеби е доцна, ама можеби и не е! Колку и да имате години, никогаш немојте да мислите дека сега е веќе доцна. Тие се само бројка, а вие одредувате која ќе биде таа.

Доста ни се тие ,,балкански” предрасуди и конзервативни размислувања кои презентираат и наметнуваат една слика од истоштувачки тажна, очајна и предвреме остарена жена. На крај краишта, сите ја видовме како изгледа Џенифер Лопез на 50 години. Зошто за неа да не е доцна, а за нас да е?

Ок де, знаеме..еден цел тим стој зад нејзиниот живот, зад нејзиниот животен перформанс, зад нејзиниот изглед… Таа нема работа како нас по цел ден низ куќата, но едно е сигурно. Можеби немате време за фитнес или пак финансии за ботокс и пластични операции, а и тимови кои стојат зад вас, но сигурно имате време за барем еден час во денот да си посветите само на себе! Потсетете се која бевте во младоста, кое беше вашето хоби, вашата пасја, аспирација… Направете го тоа уште денес и престанете да се жалите дека е доцна. Ќе биде, ако не почнете од денес!

GOLD
To Top